Вкупните дневни количини што треба да ги обезбеди АД ЕСМ изнесуваат12.050 MWh. Потребите од набавка на електрична енергија се адаптирани врз основа на временската прогноза за наредниот период и врз естимираната потрошувачка во ноември. ЕСМ во изминатиот период имаше неколку набавки на струја. Пред извесно време министерката за енергетика, Сања Божиновска најави дека ќе се обидат да ги спроведуваат на подолг период, но се уште се купува за две недели.
Наскоро следи и нова цена на струјата. Дел од енерегетските комании побарале зголемување на цената на својата услуга и до 80 проценти, но сметките на домаќинствата најмногу зависатод тоа ЕСМ по која цена ќе ја продава својата струја на ЕВН Home. Сега нивниот мегават чини 60 евра. Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена рече дека не очекува од јанаури да има поскапување
Со цел обезбедување на вкупните потреби од електрична енергија за Универзалниот снабдувач ЕВН Home, обезбедување на загубите во електродистрибуција и системските услуги за АД МЕПСО, како и оптимизација на производството и акумулациите, АД ЕСМ согласно објавен јавен оглас ќе изврши набавка на електрична енергија за периодот 1-15 ноември. Вкупната набавка на електрична енергија е 44,1 GWh, односно 28,8 GWh базна енергија, 15,3 GWh пикова електрична енергија, во период на најголема дневна потрошувачка на електрична енергија.
Вкупните дневни количини кои треба да ги обезбеди АД ЕСМ изнесуваат 12.050 MWh. Потребите од набавка на електрична енергија се адаптирани врз основа на временската прогноза за наредниот период и естимираната потрошувачка во ноември.
– Набавката на електрична енергија е потребна за зачувување на хидропотенцијалите кои се на ниво на 19% од вкупната акумулирана енергија, што е далеку под просекот за овој период од годината. АД ЕСМ внимателно ја следи состојбата и ќе ги прилагодува потребите од набавка врз основа на сопствениот расположлив производствен капацитет. Со оглед на слабиот хидропотенцијал, компанијата ќе продолжи со производство на електрична енергија искористувајќи ги пред сè, своите расположливи капацитети ТЕ Битола 2, ТЕ Битола 3 и ТЕ Осломеј, како основа за производство на базна енергија. Согласно воспоставената динамика и потребите на системот, компанијата ќе продолжи да купува електрична енергија на секои две недели до крајот на годината во согласност со потребите на универзалниот снабдувач и зголемениот конзум во претстојниот период – информираат од АД ЕСМ.
Во втората половина од ноември во план е вклучување и на ТЕ Осломеј за чии потреби во тек е отворен јавен повик за набавка на 400.000 тони висококвалитетен јаглен за период од шест месеци.
– Станува збор за количини кои АД ЕСМ нема да има обврска да ги набави. Набавката ќе се врши само ако се добијат поволни цени и доколку јагленот е во согласност со параметрите за калоричност, соодветни за термоелектраната Осломеј. Повикот е транспарентно објавен на веб страницата на АД ЕСМ и во два дневни весници – потенцираат од АД ЕСМ.
ЕСМ во изминатиот период имаше неколку набавки на струја. Пред извесно време министерката за енергетика, Сања Божиновска најави дека ќе се обидат да ги спроведуваат на подолг период, но се уште се купува за две недели.
Наскоро следи и нова цена на струјата. Дел од енерегетските комании побарале зголемување на цената на својата услуга и до 80 проценти, но сметките на домаќинствата најмногу зависатод тоа ЕСМ по која цена ќе ја продава својата струја на ЕВН Home. Сега нивниот мегават чини 60 евра. Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена рече дека не очекува од јанаури да има поскапување.
(С.Бл.)