Почеток БАЛКАНКучково ќе добие нов водоснабдителен систем

Кучково ќе добие нов водоснабдителен систем

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Ѓорче Петров денеска потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на основен проект за изградба на нов водоснабдителен систем, во вредност од 1.019.512 денари.

– Оваа инвестиција претставува клучен чекор кон конечно решавање на долгогодишниот проблем со пристапот до чиста и безбедна пивка вода. Општина Ѓорче Петров континуирано вложува напори да обезбеди стабилен и одржлив водоснабдителен систем, кој ќе ги задоволи потребите на сите жители – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

Тој додаде дека со реализацијата на овој проект, се очекува стабилно и редовно водоснабдување, безбедна, проверена и пивка вода и доволни количини за секојдневните потреби на сите домаќинства.

– Работиме во интерес на граѓаните, со јасна визија: достоинствени услови за живот во сите населени места во нашата општина. Ова е уште еден доказ дека кога соработуваат институциите, резултатите се видливи и опипливи – нагласи Стојкоски.

 

The post Кучково ќе добие нов водоснабдителен систем appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа