Почеток СВЕТЛавров: Секоја закана од Западот за напад врз Русија е алармантна

Лавров: Секоја закана од Западот за напад врз Русија е алармантна

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека секоја закана од Западот за напад врз Русија е алармантна.

„Секои напади што сега ни се закануваат… германскиот министер за одбрана, на пример, со изјавата дека ќе бидат „подготвени да убијат руски војници“, изјавите на лидерите на НАТО дека превентивно ќе го уништат регионот Калининград… испраќаат многу алармантни сигнали за тоа какви планови се прават во Брисел, во Берлин, па дури и во Париз и Лондон“, рече Лавров по разговорите со министерката за надворешни работи на Мозамбик, Марија Лукас.

Лавров рече дека европските земји спроведуваат пропаганда дека Русија наводно ќе ја нападне Европа, дека е „вечен непријател, егзистенцијална закана“, објави РИА Новости.

Текстот Лавров: Секоја закана од Западот за напад врз Русија е алармантна е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа