Почеток СПОРТРакометЛазаревски: Година и кусур стискав заби за да играм!

Лазаревски: Година и кусур стискав заби за да играм!

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најтрофејниот македонски ракомтен клуб, Вардар 1961, видно ослабен ќе ја започне новата натпреварувачка сезона.

Имено, еден од најдобрите ракометари во последните сезони, Милан Лазаревски, ќе биде надвор од терените во следните три месеци.

Искусниот кружен напаѓач на „црвено-црните“ и на македонската репрезентација, имаше незгодна повреда на рамото која мораше да се санира со оперативен зафат. Операцијата извршена во Загреб од страна на доктор Никола Чичак заврши успешно и македонскиот ракометар го чека подолга пауза.

„Година и кусур стискање заби дочека свој епилог. Искрено благодарам на сите за прекрасните пораки, ве ценам многу! Се гледаме наскоро“, напиша Лазаревски на „Инстаграм“.

Можно е и ова да ти се допаѓа