6
Екипата на Лос Анџелес лејкерс ја совлада Минесота со 110:103, на почетокот од сезоната во НБА-лигата. На тој натпревар беше испишана историја во лигата, бидејќи син и татко играа заедно на официјален натпревар.
Леброн и Брони Џејмс поминаа три минути на теренот заедно, толкава минутажа доби младиот Џејмс на овој натпревар.
По натпреварот, Леброн истакна дека играњето заедно со својот син е начин да се надополни времето што го пропуштил во сите години играјќи кошарка.
- Тоа е семејство! Отсекогаш семејството било над сè друго. Сега, кога го имам овој момент ,кога сè уште работам и можам да работам заедно со мојот син, тоа е еден од најголемите подароци што сум ги добил некогаш одозгора и ќе го искористам максимално – истакна Леброн Џејмс.
Во следното коло, Лејкерс ќе игра со Феникс.