Почеток СПОРТФудбалЛиверпул го промовира засилувањето од 95 милиони евра

Ливерпул го промовира засилувањето од 95 милиони евра

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Уго Екитике и официјално е нов фудбалер на Ливерпул. На „Енфилд“ тој доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт, чиј член беше во минатата година и половина. Францускиот напаѓач блесна играјќи за германскиот тим и го привлече вниманието на премиерлигашите.

За услугите на Екитике Ливерпул ќе исплати вкупно 95 милиони евра, од кои 80 се фиксна сума, 10 се лесно достижни, а уште пет потешко достижни бонуси.

Со „црвените“ Екитике парафира договор на шест години, а клубот најави дека неговиот број на дресот ќе биде објавен во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа