Почеток СПОРТЛиверпул доведе напаѓач за 100 милиони евра

Ливерпул доведе напаѓач за 100 милиони евра

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Уго Екитике, ќе се пресели во Премиер лигата во трансфер вреден 94 милиони евра, земајќи ги предвид и бонусите.

Раководствата на англискиот и германскиот клуб конечно се согласија за деталите од трансферот, објавуваат медиумите, а Екитике ќе потпише договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една сезона.

Францускиот напаѓач одигра 48 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 22 гола со 12 асистенции.

Талентираниот фудбалер ја започна својата професионална кариера во родниот Ремс, во сезоната 2023-24 беше член на ПСЖ, од каде што се пресели на позајмица во Ајнтрахт во зимата 2024 година, кој подоцна го купи за 16,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа