2
Ливерпул и Ајнтрахт Франкфурт постигнале начелен договор за трансферот на напаѓачот Хуго Екитике, пренесува “The Athletic”.
Официјализацијата на договорот е сè уште во тек, но се очекува да биде завршена во наредните денови.
Доколку сите бонуси и додатоци од договорот бидат активирани, Франкфурт би можел да го реализира најскапиот трансфер во својата историја надминувајќи ги 95-те милиони евра што ги доби од ПСЖ за Рандал Коло Муани во 2023 година.