Ливерпул има намера да плати 100 милиони евра само за да го ангажира Родриго. Велиме неверојатна зошто во овој преоден рок “Редси“ во нападот веќе го ангажираа Флоријан Вирц, а се е готово и со Уго Екитике.
Исто така познато е дека и Арсенал и тоа како беше заинтересиран за Бразилецот, но ова лето раководството на клубот од „Емирејтс“ се покажа како тотално неспособно да донесе екстра класа напаѓач, ако се знае дека по се изгледа ја загубија битката за Ѓокереш.
Инаку медиумите во Шпанија пренесуваат дека со трансферот на Родриго гигантот од Островот по малку сака и да му се одмазди на Реал за Трент Александер – Арнолд, но и за Конате, како и за сите трансфери од минатите неколку години.