Денес, петок, 18.07.2025 година во локалот Харбор во Охрид во 11.00 часот се одржа најавената PRESS конференција по повод концертот на македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов и неговите постојани соработници „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на „Антички театар“ во Охрид, а е закажан за во сабота, на 19 јули.
На прес конференцијата ба соопштени сите детали за програмата, како и останатите поединости во врска со концертот кој долго се очекува
Како што истакна самиот Џамбазов на истиот како специјални гости ќе се појават неговите пријатели, две македонски музички ѕвезди: Никола Перевски – Пере, лидерот на групата „Нокаут“, како и единствената тамара Тподевска. Во програмата планирана е изведба на 24 точки, односно нумери кои ги содржат најголемите хитови на Џамбазов, како: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“… како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.
Концертот во вид на телевизиски проект ќе го снима МРТВ, а вратите ќе бидат отворени веќе во 20 часот, додека почетокот е закажан за 21 часот.
Џамбазов освен новинарите ги покани исите останати кои во моментов се во Охрид да повелат на овој негов солистички концертен перформанс, по што следуваа новинарски прашања, изјави и интервјуа со човекот чии песни се очекува да го покорат Античкиот театар.