Почеток МАКЕДОНИЈАЛишено од слобода лице од велешко затоа што предизвикал пожар на отворен простор

Лишено од слобода лице од велешко затоа што предизвикал пожар на отворен простор

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 21.08.2025 во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.

Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Лишено од слобода лице од велешко затоа што предизвикал пожар на отворен простор appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа