Почеток Црна ХроникаЛишен од слобода кавадарчанец, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода кавадарчанец, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци.

При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можно е и ова да ти се допаѓа