Почеток Локален семинар за заштита на авторските права

Локален семинар за заштита на авторските права

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денес со почеток во 9:30 часот, во големиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Домот на културата Кочо Рацин во Скопје, ќе се одржи локален семинар за заштита на авторските права.

Панел-дискусии за проблемите со кои се соочуваат уметниците и медиумите и претставување на заштитата на авторските права како правни механизми, кои им овозможуваат на авторите да ја заштитат својата работа од неовластено користење, односно да ги заштитат своите дела, да го контролираат начинот на репродукција и начинот на дистрибуција на истите и како да обезбедат финансиски надоместок за своето творештво. Сепак, постојат бројни проблеми со кои се соочуваат уметниците и медиумите кај нас.

Програма:

• 09:30 – 10:00 Регистрација и кафе за добредојде

Модераторот и панелистите од областа на предложените теми, учесници, професори, ќе овозможат на слушателите полесно да се интегрираат во системот, со цел заштита на своите авторски права, проблемите со кои се соочуваат уметниците и авторите, влијанието на правата во областа на книжевноста и улогата на технологијата во заштитата на авторските права.
Модератор: Тони Димков, новинар

• 10:00 – 12:00 Панел-дискусија ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ УМЕТНИЦИТЕ И МЕДИУМИТЕ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА КАКО ПРАВНИ МЕХАНИЗМИ

Теми
– Преглед/претставување на Законот за авторско право, д-р Ненад Гавриловиќ, професор по Облигационо право и Право на интелектуална сопственост на Правен Факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
– Моето и туѓо дело – предизвици со кои се соочуваат уметниците и маркетинг професионалци, Ермал Криејзиу, косопственик и креативен директор на Маркетинг-агенцијата Why Creative
– Курирање на филмска програма во Кинотека на Македонија и регулирање на авторските права, Дамјана Патчева, виш филмолог во Кинотека на Македонија
– Влијанието и уредувањето на авторските права на дела од областа на книжевноста, Јулијана Величковска, писател и преведувач
– Улогата на технологијата во заштитата на авторските права, м-р Лазе Трипков, професор за Визуелни уметности и графички дизајн на Факултет за арт и дизајн, Меѓународен балкански универзитет – Скопје Дискусија и прашања

• 12:00 – 12:30 Кафе пауза и освежување

• 12:30 – 14:30 Панел-дискусија, ПРАВНАТА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА НА АВТОРСКИТЕ
ПРАВА, НАЈДОБРИТЕ ПРАКТИКИ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ИСКУСТВА И ИСТОРИСКИ ДВИЖЕЊА НА УМЕТНИЧКИТЕ ПРАКТИКИ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ КОМПОЗИТОРИТЕ, ИДНИ ТРЕНДОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА АВТОРСКИ ПРАВА

Теми
– Најдобри практики за усогласеност со авторските права м-р Јасмина Наскова, директор на Македонска авторска агенција ДОО
– Правна заштита за повреда на авторските права д-р Ана Пепељугоска, Адвокатска канцеларија Пепељугоски
– Уметнички практики низ историјата д-р Натали Рајчиновска Павлеска, професор на Факултет за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
– Галериски искуства со заштитата на авторските права Маја Чанкуловска, виш кустос во НУ Национална галерија на РМ
– Предизвиците со кои се соочуваат композиторите за заштита на авторските права, д-р Валентина Велковска Трајановска, Сојуз на композитори на Македонија (СОКОМ)
Дискусија и прашања

• 15:00 Кетеринг

The post Локален семинар за заштита на авторските права appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro