Почеток СПОРТ ЛОРА: „Едвај чекам да дојде, тој е толку шармантен“

ЛОРА: „Едвај чекам да дојде, тој е толку шармантен“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Англиската фудбалска асоцијација го избра Томас Тухел за нов селектор, кој својата работа ќе ја започне на почетокот на 2025 година. Германецот го наследува Герет Саутгејт и доаѓа со богато клупско тренерско искуство, но за прв пат ќе работи со некој национален тим.

Тухел ја освои Лигата на шампионите со Челзи во 2021 година и е без работа откако го напушти Баерн (М) на крајот од минатата сезона, но тоа ќе се промени откако се согласи да стане нов селектор на „Гордиот Албион“.

Да потсетиме, Герет Саутгејт ја напушти клупата на Англија по ЕП 2024, каде „Гордиот Албион“ беше поразен во финалето од Шпанија, а него привремено го наследи Ли Карсли. Поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челзи и Баерн нема да има лесна задача, но сака прво да ги однесе Англичаните на СП 2026 и да се обиде да стигне до самиот крај.

И додека не сите во Англија се задоволни од изборот на Германец за селектор, новинарката Лора Вудс е повеќе од задоволна.

„Апсолутно сум воодушевена што Тухел ја презеде работата во Англија. Тој е тотален победник. Бев негов голем обожавател кога беше во Челзи и навистина ми се допаѓаше кога беше на чело на Баерн, иако имаше малку проблеми“, изјави водителката и додаде:

„Поранешниот тренер на Баерн знае како да ги привлече фановите на своја страна, а добар е и со медиумите, што ги знам од лично искуство. Кога го интервјуирав во минатото, секогаш го наоѓав многу шармантен“, додаде Вудс, која работи за Amazon Prime Video, ITV и TNT Sports.

Според неа, Тухел е „духовит и возбудлив“, а во исто време „малку непредвидлив и ексцентричен“. Вудс исто така истакна дека Тухел познава некои од играчите и веднаш ќе добие почит: „Тој го знае англискиот фудбал. Има меѓународна почит. Тоа е совршен спој“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro