Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Лудило, овој не личи на Двејн Вејд! (ВИДЕО)

Лудило, овој не личи на Двејн Вејд! (ВИДЕО)

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кошаркарот што остави неизбришлива трага во НБА-лигата и освои три шампионски прстени со тимот на Мајами, каде што воедно е заштитен знак, не личи на себе. Не во живо, туку на статуата што беше откриена пред неколку дена, пред арената во Мајами.

Станува збор за Двејн Вејд, кој е иден член во Куќа на славните. Тој има статус на божество во Мајами, уште од 2003 година, кога беше избран како петти пик на драфтот, зад Леброн Џејмс, Дарко Миличиќ, Кармело Ентони и Крис Бош.

Но, неговата статуа, која е пред арената, стана предмет на потсмев, бидејќи ни малку не наликува на него, човекот што остави длабока трага во успесите на овој тим.

  • Ова не е нешто што го очекував, не зедов кошаркарска топка за ова, туку за да го променам животот на моето семејство. Татко ми ми ја даде топката и сакав да го променам животот на моето семејство. Знам дека многу луѓе имаат ист сон секој ден, поради кој се будат секое утро – истакна е Вејд, кој изгледаше прилично изненаден кога виде како изгледа статуата на церемонијата.

Фотографиите брзо почнаа да се шират на социјалните мрежи, а коментарите станаа вирални. „Не знам кој е тоа, но не е Вејд“, „Боже, кој е овој човек?!“, „Ова личи на сите, освен на Двејн Вејд“, „Може ли некој да направи нова статуа?“, беа дел од коментарите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro