Почеток СВЕТ Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија

Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија со цел деескалација на тензиите во светот.

„Прво, за вистинска деескалација и почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија“, рече Лукашенко на втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск.

Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции без одлука на Советот за безбедност на ОН.

„Трето, треба да се развие нов договорен и правен механизам за да се создаде транспарентен, разбирлив режим на контрола врз новите смртоносни технологии кои можат да го уништат целото човештво дури и без нуклеарно оружје“, додаде Лукашенко.

Овој тип на технологија, рече тој, вклучува ласери, хиперзвук, квантни електромагнетни системи и други напредни технологии. Четвртата точка, додаде Лукашенко, е забраната за употреба на кибер оружје.

The post Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro