Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека земјата стана партнер на БРИКС, што е задолжителен чекор пред да се приклучи на таа организација.
Во интервју за „Известија“, Лукашенко рече дека е малку изненаден од фактот што околу 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС, а повеќе од 10 земји станале партнери на организацијата, пренесува Белта.
„Тоа (статусот на партнерот) можеби е добро. Но, јас сум загрижен дека бирократите, кои ги креираат и ги предлагаат овие документи на шефовите на држави, не комплицираат сè. Дека бирократскиот апарат не ги уништува прашањата што моментално се на маса пред земјите-членки на БРИКС“, рече тој.