106
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 9 овој месец во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.
Текстот Маж од Кичево истепал адвокат во судница е превземен од А1он.
