4
Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.
Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.
Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.
Текстот Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но добил тешки повреди е превземен од МАКФАКС.