Почеток МАКЕДОНИЈАМакедонија под вршник, температури до 41 степен

Македонија под вршник, температури до 41 степен

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура. За денеска се очекува минималната температура да биде во интервал од 12 до 21, а максималната да достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје слично време со минимална температура до 21 и максимална до 41 степен.

Поради топлото време, Владата вчера излезе со препораки за заштита од топлото време. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, а се овозможува и работа од далечина и флексибилно и двократно работно време онаму каде што е изводливо.

Исто така се препорачува да се одложи работниот процес во периодот од 11 до 17 часот за оние работници кои се изложени на директна топлина.

Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатијата.

Викендот ќе продолжи во ист стил – на 26 јули (сабота) дневната температура ќе изнесува 44°C, а на 27 јули (недела) ќе се спушти малку на 41°C.

Од понеделник – освежување и врнежи. На 28 јули (понеделник) се најавува промена на времето со локални врнежи и температура до 35°C. На 29 јули (вторник) дождот ќе продолжи, а максималната температура ќе падне на 28°C – за првпат по подолг период под 30°C.

The post Македонија под вршник, температури до 41 степен appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа