Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ „Скопје 2025“, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек.
Нашите млади спортисти ќе се натпреваруваат во 15 спортови, колку што брои и целата програма, што претставува историски момент за македонскиот спорт. Историски, пред се затоа што до сега ЕМОФ борел 12 спортови, а за првпат 15 оваа година.
Исто така вреди да се спомене дека нашата селекција до сега имала најмногу 50-тина натпреварувачи на ова натпреварување, а сега ќе брои 181, на кои целта ќе им биде иста – ПРВ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, и тоа на домашно тло, пред своја публика!