Со победа селекцијата на Македонија за кошаркари до 20 години, го заврши настапот во Б дивизијата на Европското првенство во Ереван.
Во натпреварот за разигрување за 17.место во финалниот ранкинг македонските младинци минимално ја совладаа Словачка со 65:64.
Интересен натпревар одиграа овие репрезентации во кои двете има со добри и лоши периоди на игра. Победникот беше решаван во последните секунди, а повеќе среќа имаа македонските младинци.
Првото полувреме (втората четвртина) Македонија ја доби со 10 разлика и со толку замина на одмор. На стартот на второто полувреме македонските младинци имаа и најголеми +14, но во последниот период влегоа со еден поен негатива. Во самата завршница се играше поен за поен, а последниот напад не го реализираа Словаците.
Така младинската селекција на Македонија со три (клучни) порази во групната фаза и четири победи, на крајот заврши како 17-та во конкуренција на 23 репрезентации.
Ова беше втората од петте млади македонски репрезентации кои летово имаа настапи на европската сцена.
Следува настапот на јуниорската до 18 години, единствената која ќе се натпреварува во елитната А дивизија. Македонските јуниори ќе играат на шампионатот во Белград, Србија, во периодот од 26 јули до 3 август. Нашата репрезентација е сместена во групата Ц заедно со домаќинот Србија, Грција и Литванија.
The post Македонија 17-та на „второлигашкиот“ Евробаскет за младинци (У20) appeared first on Sport Plus Macedonia.