Почеток МАКЕДОНИЈА Македонската делегација, предводена од премиерот Мицкоски ја завршува својата дипломатска мисија во Австрија

Македонската делегација, предводена од премиерот Мицкоски ја завршува својата дипломатска мисија во Австрија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург, рече во изјава за медиумите претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.
Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада, истакна Мицкоски.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro