Почеток СПОРТФудбал Македонските женски фудбалски репрезентации заминуваат на подготовки во Бугарија

Македонските женски фудбалски репрезентации заминуваат на подготовки во Бугарија

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонската женска сениорска, како и репрезентацијата до 19 години, идната недела ќе заминат за Бугарија на еднонеделен тренинг камп во рамки на кои ќе одиграат и контролни натпревари, соопшти ФФМ.
Најдобрите македонски фудбалерки, предводени од селекторот Александар Андов, од 21 до 29 октомври ќе тренираат во Банско, а ќе одиграат и два натпревари против Молдавија.
Првиот е закажан за 24 овој месец на стадионот во Разлог, а вториот ќе се одигра на истиот стадион три денови подоцна.
На тренинг камп во истиот период во Разлог ќе бидат и македонските фудбалерки до 19 години, кои ќе одиграат и два контролни натпревари против Бугарија.
Натпреварите се закажани за 24 и 27 октомври во Разлог.

The post Македонските женски фудбалски репрезентации заминуваат на подготовки во Бугарија appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro