Почеток МАКЕДОНИЈА Македонските министри на краток пат до Приштина, ќе седнат на иста маса со косовските колеги

Македонските министри на краток пат до Приштина, ќе седнат на иста маса со косовските колеги

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонските министри предводени од премиерот Христијан Мицкоски на 18 ноември ќе отпатуваат за Косово. Целта на патот до Приштина е билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово. Ваквата вест ја соопшти министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за весникот Лајм.

Според Муртезани со посетата ќе се зајакне соработката и стабилноста на регионот, а ќе биде и доказ дека Владата има јасна ориентација кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово. Со ова смета министерот, ќе паднат во вода обвинувањата и како што вели Муртезани, клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro