Почеток СПОРТМакедонските ракометари одиграа храбро, но загубија од Шпанија

Македонските ракометари одиграа храбро, но загубија од Шпанија

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонските ракометари одиграа храбро против Шпанија, но не доволно да избегнат пораз на ЕМОФ.

Во вториот меч од А групата, шпанските ракометари со одлична игра во вториот дел го добија дуелот против Македонија со 31-25.

Резултатот и поразот со пет гола, можеби прави и не реална слика за текот на мечот. Имено, во првиот дел македонските надежи одиграа многу подобро од противникот и има и плус четири (17-13). Сепак на полувреме заминаа со +2 (17-15).

Во вториот дел, рамноправно се играше со до 22-22, кога Шпанците направија серија и се одлепија. Таа предност се покажа како решавачка, а македонските кадети немаа сили да ја анулираат.

Следете нé на социјалните мрежи

Прв стрелец во нашата репрезентација беше Бобан Поповски со 7 гола, а Милош Стојановиќ постигна пет.

Во вториот меч од нашата група Исланд со победата над Хрватска си обезбеди полуфинале. А, токму Исланд ќе биде утрешниот противник на Македонија во мечот од третото, последно коло.

The post Македонските ракометари одиграа храбро, но загубија од Шпанија appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа