Почеток СПОРТМакедонските јуниори им се реваншираа на Црногорците

Македонските јуниори им се реваншираа на Црногорците

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пораз па победа за нашата машка јуниорска репрезентација на гостувањето во Беране на двете пријателски средби против соодветната селекција на Црна Гора.

Многу подобро издание на македонските јуниори на втората проверка, и на крајот, како награда, стигна победата со 71:66.

Домашната селекција имаше доста подобар почеток, ја реализираше првата четвртина во своја корист со (20:12). Бевме подобри во вториот, анулиравме дел до негативата, но на полувремето Црна Гора водеше, сега само со (37:34).

Пресвртот јуниорската репрезентација на Македонија го направи во третиот период од играта во кој го преземавме водството, по 30.минути игра беше (49:46) за нашата јуниорска селекција.

Во 35.минута од играта имавме уште повисоки (58:53), кои ги задржавме и во оние последни пет.

Јаничич повторно беше прв поентер во нашата репрезентација. Капитенот реализираше 18.поени, имаше и седум скока и четири успешни додавања до соиграчите од кои уште двајца завршија со двоен ефект кога се во прашање поените и скоковите.

Ново добро издание имаше Данев, кој освен 15. поени собра и десет скока, а дабл-дабл реализираше и Димовски, изразен со 10. поени и 11. скока

The post Македонските јуниори им се реваншираа на Црногорците appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа