Почеток Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца

Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонски државјанин во Германија со месарски нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца.

Убиството, како што пренесе Билд, се случило во германскиот град Дортмунд, а убиената жена е на 30-годишна возраст.

Сведоци на убиството биле нејзините деца, на возраст од 3, 4 и 6 години, кои побарале помош од соседите, кои се јавиле во полиција.

Децата првично се згрижени од Канцеларијата за заштита на млади, се прегледани во детска клиника и се неповредени. Потоа ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка.

По нападот, сторителот ја оставил жената тешко повредена во ходникот и избегал, а најверојатно планирал да се врати во Македонија, но полицијата го уапсила на автопатот Вирцбург.

Тој сега е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.

Двојката неколкупати била на суд поради семејно насилство. Жената планирала да се раздели од него и да започне нов живот, па на крајот на октомври се преселила во нов стан во Дортмунд во Северна Рајна-Вестфалија со своите три деца.

The post Македонски државјанин во Германија со нож ја убил поранешната партнерка пред нејзините три малолетни деца appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro