Ова напредно дигитално решение во реално време ги детектира потенцијалните закани и инциденти поврзани со информатичката безбедност. Покрај детекција, системот овозможува и превенција на потенцијалните безбедносни ризици и пропусти во системите, следење, анализа и нивно соодветно отстранување. Услугата ги заштитува компонентите од ИТ инфраструктурата, како што се персонални компјутери, лаптопи и сервери, коишто се потенцијално изложени на сајбер напади.
„Спречувањето на безбедносните ризици во дигиталниот свет е еден од најголемите предизвици на денешнината, имајќи предвид дека, покрај материјалната штета, овие напади предизвикуваат и голем репутациски ризик за компаниите и институциите. Како лидери за дигитализација, континуирано работиме и на креирање решенија за намалување на ваквите ризици кај нашите деловни корисници. Нашата услуга за Безбедносен оперативен центар е токму тоа – напредно решение за сајбер заштита и сигурност“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.
Оваа услуга е идеална за мали и средни компании, како и институции, коишто имаат ограничена експертиза и ресурси за ИТ безбедност. Системот претставува единствена платформа преку која се открива ранливоста на информатичките системи со постојан надзор и брза реакција од страна на тим од сертифицирани инженери за сајбер безбедност. Платформата е креирана според безбедносните стандарди на Дојче Телеком и користи размена на искуства со другите центри за безбедност во рамки на Групацијата.
Повеќе информации на: telekom.mk/businessМакедонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност
The post Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност appeared first on ekran.