Почеток МАКЕДОНИЈАМалолетник е повреден од рикошетиран куршум испукан на семејна веселба

Малолетник е повреден од рикошетиран куршум испукан на семејна веселба

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци е повредено на семејна веселба, откако Ф.Ф.(36) од пиштол испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и го повредиле детето.

Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево.

Како што соопшти МВР, утрово во 2:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Текстот Малолетник е повреден од рикошетиран куршум испукан на семејна веселба е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа