5
Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
The post Малолетник на точак возел Охрид-Кичево, во него удрило возило appeared first on Република.