Почеток МАКЕДОНИЈАМалолетничка претепана од таткото и братот, завршила во болница

Малолетничка претепана од таткото и братот, завршила во болница

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Струмичката полиција информира дека 13-годишно девојче завршило во радовишката болница со повреди откако била претепана со соствениот татко и брат.

– На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесетгодишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А., соопштија од МВР.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетничка претепана од таткото и братот, завршила во болница appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа