Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидат кандидат за пораз затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Каја Шукова како министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување фотоволтаични централи во Македонија и дали поголемиот дел од нив се на луѓе блиски до СДС? Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и на Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност, е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?
Дали Каја Шукова, поради ова свое минато со Заев и Филипче, немала избор како Мишко Ралев, кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?
Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и на Филипче.
Каја Шукова ќе дознае што мислат скопјани за СДС и за неа со најголемиот пораз во историјата на ова партија“, рече Манасиевски.
Текстот Манасиевски: Каја Шукова е врзана во бизнис-кругот на Заев и на Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи е превземен од МАКФАКС.