Почеток МАКЕДОНИЈА МАНАСИЕВСКИ: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

МАНАСИЕВСКИ: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

– СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна болница. Секогаш кога СДС е во опозиција, во недостаток на реална понуда кон гласачите, злоупотребува човечки трагедии за политички цели. Како сега што лаже Венко Филипче за Кочани, Заев лажеше дека ја знае и ќе ја каже вистината за убиството кај Смилковско езеро. Дојде на власт, кажа дека не ја знае, изјави на денешниот прес членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Заев и СДС лажеа дека ќе ја обелоденат причината за смртта на Младенов, излажаа. СДС говореше и за Диво Насеље, и за тоа излажаа. СДС чекаше нешто негативно да се случи, за да јавне на трагедијата.

– Кога дојдоа на власт, не само што не открија некоја нова вистина за ниту еден случај, туку и за трагедиите кои им се случија во тек на мандат секогаш за виновен наоѓаа кабел, кочници или некој друг предмет од домаќинството или механиката.
Имено, Венко Филипче наместо да одговара за 14 загинати во Тетовската модуларна болница, жртвуваше двајца директори, кои патем негодувале со Филипче кога се отворала болницата, додаде Манасиевски.

– Да потсетиме дека Филипче бил тој кој ја правел техничката спецификација која била противзаконска и немала минимум технички услови. Филипче беше тој што потпишуваше анекси исто така противзаконски, за да добие 20% повеќе пари. И за ова, никој во нивното време не одговараше, туку виновен беше кабелот. За разлика од времето на СДС, сега има одговорност за секој еден. Народот гледа дека сега правдата доаѓа, и никој не е заштитен, потенцира Манасиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro