Почеток СПОРТМанчестер јунајтед само под еден услов ќе го продаде Мејно во јануари

Манчестер јунајтед само под еден услов ќе го продаде Мејно во јануари

24 Фудбал мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Како што пренесува Скај Спортс, Манчестер јунајтед сака да го задржи Коби Мејно и ќе го продаде фудбалерот од средниот ред само доколку добие исклучителна понуда.

Коби Мејно е во втор план кај Рубен Аморим, па често се говори дека Англичанецот ќе замине во јануари, преку 10 клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Но како што пренесува Скај Спорт, Коби Мејно и покрај тоа што не добива голема минутажа, останува клучен дел од тимот, сите во клубот сакаат тој да остане на „Олд Траорд“ и веруваат дека со возраста ќе стане уште подобар.

Во моментов, ставот на „ѓаволите“ е дека Коби Мејно останува, и ќе биде продаден во јануари само доколку пристигне исклучителна понуда.

Можеби ќе ве интересира

24fudbal.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар