5
Манчестер Јунајтед ќе плати оштета од 10 милиони евра на Спортинг Лисабон доколку потпише со тренерот на португалскиот клуб Рубен Аморим, објави во вторникот на социјалните мрежи италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Раководството на „зелено-белите“ знае дека англискиот клуб покажува сериозен интерес за 39-годишниот стручњак, што го истакна во соопштение.
Романо пишува и дека Спортинг ќе се согласи нивниот тренер да замине во Манчестер. Вчера Јунајтед се раздели со актуелниот менаџер Ерик тен Хаг по лошиот почеток на сезоната.
The post Манчестер Јунајтед ќе плати 10 милиони евра за Аморим appeared first on Локално.