Почеток КУЛТУРАСценаМарија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години кариера со премиерата на „Госпоѓа Бовари“

Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години кариера со премиерата на „Госпоѓа Бовари“

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со премиерата на „Госпоѓа Бовари“ на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од
безвременскиот роман на Гистав Флобер, на 25 јуни (вторник) во 20 часот, примабалерината Марија Кичевска Шокаровска ќе одбележи јубилеј од 25 години кариера. Кичевска Шокаровска со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на
проектот: Киро Павлов.

Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет. Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите.

The post Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години кариера со премиерата на „Госпоѓа Бовари“ first appeared on УМНО.МК.

Можно е и ова да ти се допаѓа