Таа една од оние пејачки кои и припаѓаат на најновата генерација со потенцијал да бидат идни големи македонски музички ѕвезди. Млада дама која уште од детството ја освојува музичката сцена со својот глас, харизма и авторски печат.
Таа е пејачка, текстописец, инструменталист, некогашна ракометарка, а денес студентка и амбициозна млада девојка што го гради својот пат со страст и интегритет. Уметник што расте пред нашите очи, но со длабочина и зрелост каква ретко се среќава.
Паралелно со изведбата, таа компонира и пишува текстови, а едно време ќе биде и дел од светот на спортот како член на младата екипа на ЖРК Вардар. Но, музиката ќе преовладее, ама само како хоби кое силно ја исполнува, па затоа и нема да биде нејзин избор за студии и професионална определба.
Имено, од октомври 2024 студира бизнис, администрација и менаџмент на City College – Универзитетот на Јорк во Солун, каде што е прогласена за најдобар студент на генерацијата во првиот семестар на студиите.
Спонтана, искрена, насмеана, максимално посветена и истрајна во музиката и студиите, таа е мулти‑талентирана уметница веќе со богата музичка историја. Авторските дела и меѓународните настапи потврдуваат дека е еден од лидерите на нова генерација македонски авторки и поп‑пејачки.
Истовремено, посветена студентка, млад лидер и инспирација за многумина од нејзината возраст, која за себе и својата кариера, од „Поточиња“ до „Макфест“, од ракометни сали до концертни бини, за првите детски настапи, фестивалските искуства, музичките проекти и настапи, инспирацијата, ритуалите и идолите, по нешто за љубовта на далечина и студиите во Солун – Грција…
Ако пак од разно-разни причини сте ја пропуштиле премиерата, целиот поткаст можете и подоцна да го гледате, и тоа било кој ден во било кое време, ако кликнете на истиот линк погоре или на видеово во продолжение…