Фудбалерите од Бразил како и играчите и навивачите на Реал (М) се бесни на „Франс Фудбал“ кој не му ја додели „Златната топка“ на Винисиус Јуниор. Престижната награда му беше доделен на Родри, играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити. Таквиот епилог ја налути и Бразилката Марта, најдобрата фудбалерка на сите времиња.
Таа на Инстаграм објави видео каде хистерично вика откако дозна дека Винисиус нема да ја добие „Златната топка“. Видеото набрзо стана вирално и брзо се прошири низ социјалните мрежи.
„Чекав цела година да видам како Винисиус Јуниор ќе ја освои наградата и ќе биде признат како најдобар играч во светот. Сега ми вели дека нема да му ја дадат Златната топка? Каква е таа Златна топка? Готово е!“ луто вели 38-годишната Марта на видеото.