Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, денес изјави дека го гледа проширувањето на ЕУ како многу поширок процес од едноставно зголемување на територијата или населението на унијата и дека безбедносниот аспект повторно е во преден план на проширувањето.
Таа предупреди дека надворешни сили се обидуваат воопшто да го спречат ширењето. „И овие надворешни сили користат различни тактики, вклучително и хибридно војување. За мене, проширувањето е повторно мировен проект, најважниот мировен проект на нашиот континент.“
„Можеби во минатото, особено кога Словенија стана членка на Европската Унија, заборавивме на ова и гледавме главно низ економски призма“, изјави Кос за РТВ Словенија.
Таа, исто така, предупреди на дезинформации и манипулации во рамките на ЕУ и истакна дека, со оглед на променетата геополитичка ситуација, проширувањето сега е и важен безбедносен фактор.
„Мислам дека нема да можеме да бидеме безбедни во Европа сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во Европската унија и сè додека Украина и Молдавија не бидат исто така во Европската унија“, нагласи Кос, пренесува Танјуг.
The post Марта Кос: „Мислам дека нема да можеме да бидеме безбедни во Европа сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ appeared first on Локално.