Во вториот натпревар одигран денеска, а во рамките од 3.коло на ПМФЛ. Вардар планираше три, а освои само бод во дуелот со АП Брера.
На дуелот одгран на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, струмичани беа пред изненадување. Во два наврати АП Брера имаше водство, но на крајот освои само бод играјќи 2-2 со Вардар.
Гoстите од Струмица поведоа во со голот на Фаде Ндзен во 14.минута, но веќе во 18-тата Роџерс Мато израмни на 1-1.
Во 40-тата минута Ивановски по одличната контра го матираше Талески за ново водство на АП Брера овојпат од 1-2. Тоа беше и резултат по прбиот дел.
Во вториот, вардарци постојано притискаа кон голот на гостите, а тоа конечно вроди со плод во финишот. Се играше 88.минута кога Мато ја казни грешката на гостинскиот голман Вргов и со својот втор гол го израмни резултатот на 2-2. Немаа сили црвено-црните за комплетен пресврт, па на крајот мораше да се задоволат со бод.
Потсетување дека во првиот денешен дуел , Струга Т.Л. славеше над работнички со 2-0.
ПМФЛ 3. КОЛО
Сабота 23.08.
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 17 часот
Недела 24.08.
ШКЕНДИЈА – АРЕСИМИ 17 часот
Понеделник 25.08.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 17 часот
БАШКИМИ – ТИКВЕШ 17 часот
Петок 22.08
СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА 2-2
The post Мато со два гола го спаси Вардар од пораз од АП Брера (ВИДЕО) appeared first on Sport Plus Macedonia.