„Родот и градот“ е серија на настани низ кои ги разгледуваме различните аспекти на родовата еднаквост – пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното спроведување.
Првиот разговор е инспириран од потребата да иницираме нијансирана дискусија помеѓу мажите за родовата еднаквост, нешто што не го гледаме често во јавноста, а носи наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост“.
Разговорот ќе го модерира Ирена Цветковиќ, а како панелисти свое излагање ќе имаат:
- Бобан Карапејовски
- Никола Гелевски
- Ѕвездан Георгиевски
Придружете ни се на првиот настан на 24-ти октомври (четврток), во 19:00 часот, во КОТУР!
Проектот е кофинансиран од Kvinna till Kvinna и UK International Development.
The post „Машкиот поглед на родовата еднаквост“ – Разговор во рамките на настанот „Родот и градот“ appeared first on ekran.