Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар во историјата, ги помина изминатите неколку недели на турнеја низ Европа, каде што ги посети Хрватска и Црна Гора, а својата патувачка авантура по Јадранот ја заврши во Грција. За време на престојот во оваа земја, Џордан го промовираше својот бренд заедно со неколку ѕвезди од НБА, меѓу кои Лука Дончиќ и Зајон Вилијамсон.
Човекот кој е синоним за кошарка, овој пат импресионираше и со својата дарежливост. Имено, за време на излет во ресторан во Атина, кошаркарската легенда им остави неверојатен бакшиш од 10.000 евра на сите вработени во ресторанот, сето тоа поради одличната вечера подготвена од готвачот. Потценување е да се каже дека персоналот во ресторанот бил малку шокиран.
Менито се базирало на морска храна и традиционални грчки јадења, а Џордан бил воодушевен, што довело до голем бакшиш, пишува Eurohoops.
За време на вечерата, Џордан одржал трогателен говор во кој ја нагласил важноста на Грција.
„Грција е земјата на античките богови, каде што се родиле легендарни херои и каде што за прв пат е обликуван концептот на величина. Во ова клучно време за иднината на нашиот бренд, црпиме инспирација од оваа извонредна земја“, рече Џордан.
Покрај Дончиќ и Вилијамсон, со Џордан во Грција беа и Паоло Банчеро, Бам Адебајо, Хаиме Жакес, Брус Браун, Руи Хачимура и легенди како Кармело Ентони, Ричард Хамилтон и Мајк Биби.
The post Мајкл Џордан ги шокираше вработените во ресторанот во Атина со бакшиш appeared first on Локално.