Почеток СПОРТ Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако беа доделени првите награди на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, дојде време да се доделат и наградите за најдобар стрелец во светот, а таа награда ја поделија Килијан Мбапе и Хари Кејн.

Центарфорите на Реал Мадрид и Баерн Минхен минатата сезона постигнаа по 52 гола, со право го носеа епитетот најдобри напаѓачи во светот.

Мбапе во еден момент имаше и девет гола предност пред Англичанецот, но Кејн го претекна во преостанатиот дел од сезоната, па вечерва и тој доби место на подиумот.

„Му благодарам на Баерн и на сите луѓе од клубот кои ми помогнаа да го освојам овој трофеј. Почестен сум затоа што добив награда која го носи името на легендарниот фудбалер, славниот Герд Милер“ – изјави Кејн.

Килијан Мбапе вечерва не беше на доделувањето на наградата поради бојкотот на Реал Мадрид.

Текстот Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro