Почеток МАКЕДОНИЈАМВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.

– Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, апелираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека компаниите за техника немаат тајни страници за „специјални” телефони и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.

– Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица, апелираат од МВР до граѓаните.

Текстот МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа