Почеток МАКЕДОНИЈА МВР со детали за сообраќајката во Скопје: Возач на БМВ удри во столб на булевар “Гоце Делчев“ по судар со мопед

МВР со детали за сообраќајката во Скопје: Возач на БМВ удри во столб на булевар “Гоце Делчев“ по судар со мопед

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на плоштадот „Скендербег“ се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа автомобил „БМВ“ и мопед „Пјаџо“. Според информациите од МВР, автомобилот бил управуван од 24-годишниот Ф.Л., додека мопедот го возел 19-годишниот М.С. Автомобилот удрил во столб од надвозникот, што довело до оштетување на возилото. Според полицијата, повреден е само возачот на автомобилот.

„На 18.10.2024 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на бул.Гоце Делчев во Скопје во која учествувале патничко возило ‘бе-ем-ве’ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Л. (24) и мопед ‘пиаџо’ управуван од М.С. (19), по што возилото ‘бе-ем-ве’ удрило во столб. Со телесни повреди се здобил Ф.Л.“, се вели во полициското соопштение.

The post МВР со детали за сообраќајката во Скопје: Возач на БМВ удри во столб на булевар “Гоце Делчев“ по судар со мопед appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro