Почеток СВЕТ Медведев: Харис и Трамп треба да разберат дека мешањето во војната во Украина е „пат кон Трета светска војна“

Медведев: Харис и Трамп треба да разберат дека мешањето во војната во Украина е „пат кон Трета светска војна“

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија денеска изјави дека претседателските кандидати во САД, Доналд Трамп и Камала Харис треба да разберат дека „долевањето масло на огнот“ во конфликтот во Украина е „пат кон Трета светска војна“.

„Доколку новиот лидер непромислено долева масло на огнот на руско-украинскиот конфликт, тоа ќе биде многу лош избор, бидејќи тоа е патот до пеколот. Кандидатите треба да го разберат тоа“, рече Медведев во интервју за „Русија денес“.

Тој рече и дека ќе биде потребно долго време за да се обноват односите меѓу Русија и западните земји.

Според него, сите закони потпишани од украинскиот претседател Володимир Зеленски се „невалидни“ и се е направено против волјата на народот.

Текстот Медведев: Харис и Трамп треба да разберат дека мешањето во војната во Украина е „пат кон Трета светска војна“ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro