Почеток СВЕТМерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето

Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја повика израелската влада веднаш да го запре „безмилосното бомбардирање на Појасот Газа и да овозможи непречен пристап за хуманитарна помош“.

„Сакам да повторам тука: израелската влада мора да ги запре своите интензивни воени операции, да дозволи прекин на огнот и, најважно од сè, мора да дозволи хуманитарната помош да стигне до луѓето на кои им е потребна“, рече Мерц, според Ал Џезира.

Мерц потсети дека бил меѓу првите што јасно посочиле дека условите во Појасот Газа станале неприфатливи.

Текстот Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа