Лионел Меси е најголемиот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант Барселона. Аргентинскиот интернационалец во дресот на Барса одигра 778 натпревари, а на нив постигна 672 гола и запиша 303 асистенции.
Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година кога како слободен играч дојде во редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.
Минатата сезона по две години поминати во „Паркот на принцовите“, Меси се реши својата кариера да ја продолжи во редовите на Мајами во МЛС лигата. Сепак, иако веќе промени два клуба, Аргентинецот и понатаму е на платениот список на Барселона.
Освен него, на платниот список на каталонскиот гигант се и неговите соиграчи од Интер Мајами, Серхио Бускец и Жорди Алба.
Сите тројца играчи се согласија на одложување на платата за време на пандемијата на коронавирус, а сега Барселона треба да ги плати тие долгови.
Според договорот кој беше постигнат, Барселона до крајот на оваа сезона треба да го заврши најголемиот дел од финансискиот товар.
Парите не се класифицирани како тековни расходи бидејќи овие бројки сè уште одеа низ сметките на клубот кога беснееше коронавирусот во 2020 и 2021 година.
Барселона требаше да одвои малку нереални, но точни 85 милиони евра за плата на Меси таа сезона!
Сигурно Ханси Флик ќе биде среќен кога ќе се решат овие финансиски долгови и Барселона конечно ќе има добра финансиска состојба која е клучна доколку клубот сака дополнително да се засили за време на зимскиот и летниот преоден рок.