Почеток МАКЕДОНИЈА Механизација на „Бехтел и Енка“ ја расчистува комуналната депонија кај село Бели

Механизација на „Бехтел и Енка“ ја расчистува комуналната депонија кај село Бели

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градежна механизација на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ја расчистува и санира комуналната депонија кај кочанското село Бели која е на површина од околу 40 илјади квадратни метри. Ова депонија предизвикува еколошка катастрофа поради горењето на отпадот и испуштањето чад и штетни материи во воздухот.

На јавниот повик за помош во справувањето со тешката состојба, што Општина Кочани го упати до институциите и општествено одговорни компании во државата, позитивен одговор е добиен од американско-турската компанија.

– Градежните машини работат на чистење на депонијата и порамнување на површината, а потоа ќе биде нанесен слој од земја и на овој дел веќе нема да се исфрла отпад. За да се спречи горењето на органските и други материи, депонирањето ќе се прави само на круната, а околу целата депонија ќе се исчисти теренот од вегетација и отпад заради подобар пристап и поголема прегледност, а истовремено ќе се спречи опасноста од проширување на огнот при евентуални пожари – истакна Ристо Николовски, овластен комунален инспектор во Општина Кочани.

Неповолната состојба на Градската депонија во Кочани, којашто подолг период предизвикува загадување на воздухот, како и актуелните активности на теренот беа причина Општина Кочани да упати повик до институции од државата и општествено одговорни фирми за помош и поддршка во решавањето на горливиот проблем.

Од општина Кочани информираа дека по многу одржани состаноци со претставници на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Центарот за социјални работи – Кочани и со повеќе компании, на упатениот повик позитивно одговорила компанијата „Бехтел и Енка“.

– Механизацијата ќе врши порамнување, довршување на пристапниот пат за расчистување на целата депонија и обезбедување простор за новите количини отпад. Се очекува механизацијата да остане на терен додека целосно не се врати во нормала функционирањето на Градската депонија во Кочани. Неконтролираното горење на ѓубриштето, за жителите на Кочани и на околината претставуваше закана од еколошка катастрофа – велат од општина Кочани.

Од комуналното претпријатие „Водовод“, кое стопанисува со депонијата, упатија благодарност до американско-турскиот конзорциум, кој целата акција за расчистување и уредување ја изведува без надоместок. Вработени во претпријатието се распоредени на дежурства на влезот на депонијата заради контролирање на состојбата и спречување неовластени лица да влегуваат и да го палат отпадот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro